Close Menu
Press24
    Најново

    Сали: Европската интеграција мора да донесе дигитални решенија за општините и граѓаните

    12.05.2026 во 13:12

    Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

    12.05.2026 во 13:06

    Пукање во Аеродром: Приведен скопјанец кој пукал во воздух од „БМВ“ во движење

    12.05.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали: Европската интеграција мора да донесе дигитални решенија за општините и граѓаните
    • Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика за интеграција на Западен Балкан во ЕУ
    • Пукање во Аеродром: Приведен скопјанец кој пукал во воздух од „БМВ“ во движење
    • Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара Македонија да биде изолирана за да продолжи со местење тендери
    • Стан во Кисела Вода продаден за речиси 3.000 евра по квадрат
    • Ѓорѓиевски: Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во историјата со рекордна реализација на инвестиции
    • ВМРО-ДПМНЕ најави вонредна прес-конференција
    • ВЛЕН со остри критики за ДУИ: Речникот кон меѓународните партнери е тешка навреда за САД и ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали: Европската интеграција мора да донесе дигитални решенија за општините и граѓаните

    Сали: Европската интеграција мора да донесе дигитални решенија за општините и граѓаните

    12.05.2026 во 13:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршката на општините во процесот на европска интеграција.

    Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво.

    „Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, Реформската агенда и ИПА програмите – во практични дигитални решенија за општините, како што се е-дозволи, дигитално урбанистичко планирање, локални даночни системи и услуги за животна средина“, истакна Сали.

    Тој додаде дека Министерството работи на воспоставување на стандардизирана дигитална архитектура, која ќе овозможи интероперабилни системи, заеднички платформи и усогласеност со европските стандарди, со што ќе се избегне фрагментација и ќе се намалат трошоците.

    Во однос на поддршката за општините, министерот потенцираше дека фокусот е ставен на конкретни механизми, вклучително и техничка помош преку ИПА, поедноставување на процедурите и развој на советодавни и координациски платформи.

    „Целта е јасна – да го затвориме јазот помеѓу идеите и имплементацијата, и да обезбедиме проектите да се претворат во реални услуги за граѓаните и бизнисите“, нагласи Сали.

    Прочитај повеќе

    Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

    12.05.2026 во 13:06

    Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара Македонија да биде изолирана за да продолжи со местење тендери

    12.05.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.