Close Menu
Press24
    Најново

    Лукаревска: Цените вртоглаво растат, а Владата нема конкретни мерки за заштита на стандардот

    12.05.2026 во 12:04

    Драстичен пад на температурите во Македонија: Од утре променливо, во четврток минимални 3 степени

    12.05.2026 во 11:59

    Големо шоу за Денот на независноста: Дејвид Гета со концерт на Градскиот стадион во Скопје

    12.05.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска: Цените вртоглаво растат, а Владата нема конкретни мерки за заштита на стандардот
    • Драстичен пад на температурите во Македонија: Од утре променливо, во четврток минимални 3 степени
    • Големо шоу за Денот на независноста: Дејвид Гета со концерт на Градскиот стадион во Скопје
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да води антимакедонска политика во полза на Бугарија
    • Скопска општина субвенционира по 10.000 денари за возачка дозвола, пријавете се
    • Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена
    • (ВИДЕО) Милевски: СДСМ Карпош бара итна седница на Советот – „Општината е во хаос по повлекувањето на Лукровски“
    • Приведен камионџијата кој вчера прегзи пешак на патот Прилеп-Градско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Цените вртоглаво растат, а Владата нема конкретни мерки за заштита на стандардот

    Лукаревска: Цените вртоглаво растат, а Владата нема конкретни мерки за заштита на стандардот

    12.05.2026 во 12:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

    „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, што некогаш било евтина опција, сега чини како порано што чинеше кило месо“, појасни Лукаревска.

    Таа потенцираше дека Владата нема таргетирани мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а четирите мерки кои ги предложи СДСМ, за помош на граѓаните не беа прифатени.

    Осврнувајќи се на инфлацијата, Лукаревска предупреди дека ситуацијата дополнително се влошува.

    „Инфлацијата за април е 5,7% во однос на лани април, а во март била 4,9%. Мора да се справиме со соодветна стратегија во делот на галопирачката инфлација. Нема простор веќе оваа власт да прави од СДСМ алиби. А, онаа теза на власта дека сме трета економија во светот по раст на БДП, треба да ги прашаме граѓаните дали го чувствуваат тој бенефит. Цените растат, особено на прехранбените производи, а расходите исто така растат. Оваа влада повеќе троши отколку што собира. Индексот на сиромаштија е 21,9%. Ниеден економски показател не сооддејствува со моментот дека сме трета економија по раст на БДП. Имаме пад на странски инвестиции, а капиталните инвестиции минатата година беа реализирани само околу 50 проценти“, рече Лукаревска.

    Лукаревска се осврна и на минималната плата, за што власта не даде шанса да се зголеми.

    „Минималната плата во 2017 година беше 9.000 денари, а во времето на СДСМ, ние ја качивме во 2024 година на 22.567 денари. И тоа се факти. Сега веќе државата влегува во нов циклус на задолжување. 950 милиони евра преку еврообврзница, 350 милиони евра задолжување од други странски извори и 400 милиони евра задолжување на домашен пазар.“,  посочи Лукаревска.

    Лукаревска посочи дека се прекршени и фискалните правила, потенцирајќи дека буџетскиот дефицит веќе достигнал 5,3 проценти.

    „Скоро две третини од предвидениот буџетски дефицит е потрошен. Ни остануваат повеќе од 200 милиони евра за трошење, а веќе сме месец мај, значи не сме ни на половина од годината“, нагласи Лукаревска.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да води антимакедонска политика во полза на Бугарија

    12.05.2026 во 11:41

    Мицкоски: Избираме потежок пат кон ЕУ бидејќи достоинството нема цена

    12.05.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.