Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија
    • (ФОТО)Дарио Панковски алармира за сајбер измама: Непознати лица бараат пари за концерт во негово име
    • Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
    • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност
    • Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 
    • Тепачка за паркинг во Центар: Скопјанец нападнат од жена
    • Се му застари: Што му остана на Груевски за лежење а што за судење
    • Физички нападнат возач на ЈСП во Центар: Патник се обидел да влезе во автобусот додека бил во движење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 12 медицински лица во Холандија ставени во карантин – биле во контакт со заразен пациент

    12 медицински лица во Холандија ставени во карантин – биле во контакт со заразен пациент

    12.05.2026 во 09:371 Min Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_8kvash8kvash8kva (3)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здравствените власти во Холандија воведоа итни мерки на претпазливост откако 12 вработени во болницата „Радбауд“ во градот Најмеген беа ставени во карантин. Како што пренесуваат холандските медиуми, причината е можна изложеност на хантавирус при лекување на пациент кој претходно патувал на крузерот „Хондиус“.

    Болницата соопшти дека дел од персоналот не ги следел целосно строгите безбедносни протоколи при контакт со крв и урина од заразениот пациент. Иако ризикот од пренос на инфекцијата е оценет како низок, одлучено е тие лица да останат во изолација во наредните шест недели.

    Од здравствената установа не откриваат дали станува збор за лекари, медицински сестри или друг медицински персонал.

    Инцидентот во болницата доаѓа по веста за епидемија на патнички брод под холандско знаме, каде беа опфатени 147 лица. Како последица на инфекцијата веќе се регистрирани три смртни случаи — брачна двојка од холандскиот регион Фрисланд и една државјанка на Германија.

    До овој момент, потврдени се седум позитивни случаи на хантавирус, додека за уште неколку лица се чекаат резултати поради сомнеж за инфекција.

    Прочитај повеќе

    Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 6.509 лица

    26.08.2026 во 11:40

    Марта Кос најавува нови правила за проширувањето на ЕУ и предупредува на „тројански коњи“

    26.08.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.