Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Државата повторно се движи кон целосна партизација

    Тренчевска: Државата повторно се движи кон целосна партизација

    11.05.2026 во 21:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на гостувањето во „Топ тема“ на Телма ја обвини власта дека наместо со реформи и решенија на проблемите во економијата, се занимава со лажен пиар, клевети на опозицијата и манипулации.

    „Освен со лаги и манипулации, со друго ништо ВМРО не се занимава како политичка партија. Не испорачуваат никакви реформи во државата, она што го очекуваат граѓаните, ништо“, потенцираше Тренчевска.

    Тренчевска посочи дека државата повторно се движи кон целосна партизација, потенцирајќи дека со ВМРО на власт има заробена држава.

    „Имаме правосудство коешто е под целосна контрола на власта. Контрола над правосудните органи, над обвинителството и над судовите. Имаме полиција којашто, наместо да е во служба на граѓаните, е во служба на ВМРО. И тоа народот веќе го препознава, затоа и рејтингот на ВМРО на сите анкети покажува дека губите 150.000, па и 200.000 гласови, а Социјалдемократскиот сојуз ја зголемува довербата кај граѓаните“, рече Тренчевска.

    Владата нема ништо направено за реформската агенда за ЕУ додаде Тренчевска.

    „Ништо нема испорачано владата. Роковите беа до јуни 2025-та, па се пролонгираа до декември 2025-та, и сега последното пролонгирање на роковите е јуни 2026 година“, посочи Тренчевска.

    Тренчевска порача дека СДСМ останува на страната на европската иднина и стратешките интереси на државата.

    „За ВМРО ние сме предавници, а тие големи патриоти. Зошто? Затоа што ние ја внесовме земјата во НАТО, затоа што завршивме голем дел од обврските во делот на евроинтеграциите и затоа што сакаме младите да ни останат тука, затоа што сакаме да живееме како дел од европското семејство. Затоа што сакаме во ЕУ, а со оваа власт не одиме во ЕУ, нема Европа. “, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.