Close Menu
Press24
    Најново

    ЕУ усвои нови санкции кон Русија

    11.05.2026 во 17:54

    Трагедија го потресе регионот: Загина 25-годишен полицаец

    11.05.2026 во 17:26

    11-годишна малолетничка од Свети Николе паднала од велосипед – со тешки повреди пренесена во болница

    11.05.2026 во 17:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕУ усвои нови санкции кон Русија
    • Трагедија го потресе регионот: Загина 25-годишен полицаец
    • 11-годишна малолетничка од Свети Николе паднала од велосипед – со тешки повреди пренесена во болница
    • Утре ќе нема струја пет часа, проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Тешко повредена малолетничка во Центар, паднала во отвор за лифт во зграда во изградба
    • Невремето пристигна во североисточниот регион од Македонија, се движи од запад према исток
    • Подгответе се за невреме, УХМР најавува ветер со брзина над 80 km/h
    • Апсења во Скопје: Приведени четири лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ усвои нови санкции кон Русија

    ЕУ усвои нови санкции кон Русија

    11.05.2026 во 17:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска усвоија нов пакет санкции насочен против одговорните за депортацијата и присилното посвојување на украински деца. Со мерките се опфатени 16 поединци и седум организации.

    Овој потег, како што се наведува во официјалното соопштение, „ги таргетира оние одговорни за систематската незаконска депортација, присилното преместување, присилната асимилација, вклучително и индоктринација и милитаризирано образование на украински малолетници, како и нивното незаконско посвојување и отстранување во Руската Федерација и во рамките на привремено окупираните територии“.

    Санкциите предвидуваат замрзнување на средства во рамките на Унијата и забрана за влез на санкционираните лица. Меѓу организациите се најдоа групи блиски до руското Министерство за образование, одговорни за „проруска индоктринација, вклучително и патриотски настани, идеолошко образование и воено-ориентирани активности“.

    Според податоците на Европската комисија, од почетокот на инвазијата во 2022 година, околу 20.000 деца се однесени во Русија или на окупираните територии. Досега, и покрај сите напори, вратени се само околу 2.100 деца.

    Во соопштението се додава дека санкционираните се одговорни за „промовирање на патриотско и воено образование кај младите луѓе преку идеолошка индоктринација, изложеност на руската воена култура, паравоена обука и учество во настани што ја слават агресивната војна на Русија“.

    Прочитај повеќе

    Трагедија го потресе регионот: Загина 25-годишен полицаец

    11.05.2026 во 17:26

    Грција ја презема иницијативата: Нова офанзива за влез на Западен Балкан во ЕУ

    11.05.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.