Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски лажеше за криминал во Коридорот 8, а сега кадар на ВМРО влезе во фирмата за надзор

    Филипче: Мицкоски лажеше за криминал во Коридорот 8, а сега кадар на ВМРО влезе во фирмата за надзор

    11.05.2026 во 16:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, лажеше и обвинуваше за криминал за Коридорот 8,  додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во опозиција.

    „Коридорот е добар проект. Тоа беше Коридор за кој што ние од страна на Христијан Мицкоски бевме обвинувани дека е некаков голем, страшен криминал. Излезе една новинарска анализа, после обвинувањето за надзорот на автопатиштата, за кое што тогаш во опозиција Христијан Мицкоски обвинуваше дека станува збор за кој знае каков криминал и дека некој ќе одговара, а во фирмата влегол претставник, член поранешен на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

    Во одговорот Филипче нагласи дека суштинското прашање е како Владата на ВМРО е вградена во секој проект за да зема пари.

    „Тоа е вистинското и суштинско прашање. Не се проблем коридорите, патиштата, сè што се гради од државава. Прашање е како оваа банда е вградена во секој проект за да зема пари. Тоа е клучното прашање“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.