Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство

    11.05.2026 во 09:42

    Муцунски од Брисел: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа

    11.05.2026 во 09:40

    Вреди: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците

    11.05.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство
    • Муцунски од Брисел: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа
    • Вреди: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците
    • СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда
    • Обвинителството не се откажува: Се бара одговорност и за таткото на Вања пред Апелациониот суд
    • Метео аларм: Ветер со брзина над 60 км/ч, подгответе се за нестабилно попладне
    • Набљудувал егзотична птица на депонија во Аргентина: Откриен е „нултиот пациент“ со хантавирусот
    • За едно деноноќие приведени седум лица поради семејно насилство низ државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соли памет за Европа спремен за ново предавство

    11.05.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

     Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции.

    Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. 

    Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и историјата и јасно има кажано дека Бугарија нема да отстапи од своите барања.

    И покрај тоа, Филипче настапува како граѓаните да не се запознаени со овие позиции, па зборува за кохезија во општеството, обидувајќи се да манипулира со граѓаните за значењето на уставните измени.

    Сите го знаат ова. Само Филипче се однесува како граѓаните да не се запознаени и вели дека на македонскиот народ не му е јасно што значат уставни измени.

    Од СДС забораваат дека се во опозиција и не нудат ништо што би можело да е во интерес на државата и граѓаните, се однесуваат како мала група која се надева само на враќање на власт по секоја цена. Филипче исто така веќе се замислува и си фантазира за премиерската фотелја.

    Со денови се поагресивно се обидува да ги убеди граѓаните дека тој е оној кој ќе ја однесе Македонија во ЕУ, исто како што правеше Заев.

    Филипче е продолжена рака на Заев и сака да го надмине Заев во предавствата, да го заврши планот за уништување на државата.

    Во 2022 година, кога сакаа да ги поддржат уставните измени илјадници луѓе им протестираа и народот гласно им кажа НЕ, не ја сфатија пораката.

    СДС како власт ја блокираше преговарачката рамка со ЕУ и ја направи Македонија мета на блокади и уцени.

    Граѓаните добро знаат кој е Венко Филипче и дека би потпишал се, уште веднаш, само за да дојде на власт. Изгубија двапати последователно на избори, а граѓаните и трет пат ќе им ја испратат истата порака.

    СДС на чело со Венко Филипче се опозиција во Македонија, а според анкетите се четврта партија во државата и не се фактор кој во моментов одлучува.  СДС е партија која секојдневно губи гласови поради нивните предавнички политики, кои и по Заев одлучија да ги продолжат, а Филипче ќе ја доведе партијата до исчезнување, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците

    11.05.2026 во 09:29

    СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда

    11.05.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.