Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Брисел: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа

    Муцунски од Брисел: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа

    11.05.2026 во 09:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија  во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

    Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа и да се создаде група држави со јасен и кредибилен пат кон членство.

    Муцунски посочи дека државава постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, нагласувајќи дека е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата.

    – Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата –  истакна министерот Муцунски.

    Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на агендата на Советот се дискутираше за односите на Европската Унија со Западен Балкан, при што разговорите беа насочени кон актуелните надворешно-политички и безбедносни прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на натамошното јакнење на соработката во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, руската агресија врз Украина, како и пошироките регионални последици од актуелните глобални случувања.

    Прочитај повеќе

    Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов

    28.09.2026 во 19:44

    Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино

    28.09.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.