Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда

    11.05.2026 во 09:23

    Обвинителството не се откажува: Се бара одговорност и за таткото на Вања пред Апелациониот суд

    11.05.2026 во 09:12

    Метео аларм: Ветер со брзина над 60 км/ч, подгответе се за нестабилно попладне

    11.05.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда
    • Обвинителството не се откажува: Се бара одговорност и за таткото на Вања пред Апелациониот суд
    • Метео аларм: Ветер со брзина над 60 км/ч, подгответе се за нестабилно попладне
    • Набљудувал егзотична птица на депонија во Аргентина: Откриен е „нултиот пациент“ со хантавирусот
    • За едно деноноќие приведени седум лица поради семејно насилство низ државата
    • Мицкоски во Туманец: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво, матицата нема да ве заборави
    • Рација во Охрид: Приведени девојки од Русија, Бразил, Србија и Казахстан – работеле како танчерки
    • Приведени десетмина возачи за безобѕирно возење, меѓу нив малолетници и пијан возач кој предизвикал сообраќајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда

    СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда

    11.05.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на Мицкоски.

    Бидејќи нема никакви реформи Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување, велат од СДСМ.

    Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, наместо градење позиции за напредок на државата.

    Второ напад кон СДСМ и лажното обвинување дека некој друг е виновен за тоа што владата не спроведува реформи.

    Мицкоски тврдеше дека опозицијата ја кочи реформската агенда, за потоа самиот да признае дека за реформите не му е потребна опозицијата.

    Работите се јасни. Мицкоски има апсолутно мнозинство во Собранието, нешто што самиот постојано го повторува. Како што без консензус ја укина техничката влада, така може сам да ги донесе и сите останати закони и реформи.

    За тоа СДСМ не му е потребен. СДСМ му треба само како алиби за сопствениот неуспех и за фактот дека не ги исполнува условите за продолжување на преговорите и отворање на европските поглавја.

    Тоа е целата вистина. Мицкоски многу лаже.

    Како што ветуваше дека ќе го укине Преспанскиот договор без да каже дека тоа значи излегување од НАТО, како што ги лажеше граѓаните дека ќе го врати името во БЈРМ или ФИРОМ, како што лажеше дека македонскиот идентитет е загрозен, така и денес повторно лаже.

    Тогаш Мицкоски клечеше и молеше за власт, а денес Македонија е на колена.

    Мицкоски не сака Европска Унија.

    Не сака европски правила, не сака европско обвинителство и европска контрола, затоа што тогаш нема да може да функционира системот на криминал, тендери и злоупотреби, туку ќе мора да има одговорност.

    Затоа ги држи граѓаните како заложници на интересите на криминалната група околу него.

    Но времето на лагите изминува, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: ВЛЕН се обедини за да пропадне

    10.05.2026 во 13:25

    ВЛЕН се трансформира во единствена партија: Најавена нова ера за Албанците со фокус на европската интеграција и економијата

    10.05.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.