Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: На Денот на Европа, Мицкоски е персона нон грата

    Филипче: На Денот на Европа, Мицкоски е персона нон грата

    09.05.2026 во 13:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На днешниот Ден на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче,  изјавата по повод одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Филипче посочи дека организираната криминална група на чело со Мицкоски, ја држи дравата изолирана, додека земјите од регионот забрзано напредуваат со евроинтеграцискиот процес.

    „На ваков настан на Денот на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве на пример како Црна Гора која што оди напред, која што ги затвора поглавјата и догодина ќе стане земја членка на Европската Унија. За жал не води организирана криминална група на чело со Христијан Мицкоски, која што сака земјава да биде во изолација, да биде слепо црево во Европа, да нема реформи, да нема европско правосудство, да нема европски судии и обвинители, да нема богати и среќни граѓани“, рече Филипче.

    Во изјавата, Филипче посочи дека СДСМ своите корени ги влече од антифашистичката борба и вредностите врз кои е изградена македонската држава, додека ВМРО и денес користи методи на пропаганда и манипулација. 

    „Од друга страна ја прославуваме и борбата против фашизмот, победата над фашизмот. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги влече своите корени во антифашистичката борба, преку борбата на партизаните, дадените животи, изградбата на државата, после тоа крупните државнички одлуки кои што се направени. А ВМРО соработуваше со фашистите и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.