Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Стоилковиќ дејствува против албанскиот јазик, Вреди молчи

    09.05.2026 во 12:19

    Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот

    09.05.2026 во 12:18

    Николоски уверува: Немаме проблем со керозин

    09.05.2026 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: Стоилковиќ дејствува против албанскиот јазик, Вреди молчи
    • Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот
    • Николоски уверува: Немаме проблем со керозин
    • Премиерот: Да градиме Европа која не заборава
    • Мицкоски на 9. мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност
    • Манасиевски: Филипче како Коте од Руља – се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев
    • Мажот кој ја уби сопругата Милена е брат на екс-конзулот во Италија
    • Македонката Милена Витанова убиена во Италија: Сопругот признал и побегнал на гробишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Стоилковиќ дејствува против албанскиот јазик, Вреди молчи

    ДУИ: Стоилковиќ дејствува против албанскиот јазик, Вреди молчи

    09.05.2026 во 12:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција остро ги осудува скандалозните постапки на министерот Иван Стоилковиќ, кој наредил отстранување на натписите и идентификациските ознаки на албански јазик на Агенцијата за примена на јазиците, продолжувајќи го на тој начин отворениот институционален напад врз албанскиот јазик, обвинуваат од ДУИ.

    Додека Стоилковиќ секојдневно дејствува против присуството на албанскиот јазик во институциите, ВЛЕН продолжува да молчи. Овој молк повеќе не е политичка неспособност, туку соодговорност и целосно потчинување пред антиалбанските политики што се спроведуваат во рамките на Владата.

    По притисоците врз албанската администрација и континуираните обиди за иселување на Агенцијата за примена на јазиците од постојните простории, сега започнаа и конкретни акти на бришење на албанскиот институционален идентитет, преку отстранување на таблите и натписите на албански јазик под смешното образложение за „реновирање“.

    Уште од првите денови на формирањето на оваа Влада постоеше одлука и јасен план за протерување на Агенцијата од објектот каде што функционира. Денес јасно се гледа дека ова билo координиран политички проект за слабеење и маргинализирање на примената на албанскиот јазик.

    Најскандалозно е тоа што институциите кои треба да го бранат албанскиот јазик се раководени од кадри на ВЛЕН, а тие не се осмелуваат да кажат ниту еден збор пред Стоилковиќ. Никаква реакција. Никакво спротивставување. Никакво институционално достоинство.

    Јавно ги прашуваме раководителите на ВЛЕН:

    До кога ќе молчите додека се отстрануваат албанските натписи од државните институции?

    Дали сте во Влада за да ги заштитите Албанците или само за да ги зачувате вашите фотелји?

    ДУИ потсетува дека за време на владеењето на ДУИ, албанскиот јазик напредуваше со конкретни одлуки, функционални институции и загарантирано институционално достоинство. Денес, Албанците гледаат враќање назад, понижување и отворени обиди за отстранување на албанскиот јазик од државните институции.

    Албанскиот јазик не е декор што се отстранува по наредба на Стоилковиќ и со молкот на ВЛЕН. Тој е уставна категорија, стекнато право и црвена линија што Албанците нема да дозволат да биде допрена, стои во реакцијата на ДУИ испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот

    09.05.2026 во 12:18

    Манасиевски: Филипче како Коте од Руља – се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев

    09.05.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.