Close Menu
Press24
    Најново

    Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот

    09.05.2026 во 12:18

    Николоски уверува: Немаме проблем со керозин

    09.05.2026 во 12:17

    Премиерот: Да градиме Европа која не заборава

    09.05.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот
    • Николоски уверува: Немаме проблем со керозин
    • Премиерот: Да градиме Европа која не заборава
    • Мицкоски на 9. мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност
    • Манасиевски: Филипче како Коте од Руља – се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев
    • Мажот кој ја уби сопругата Милена е брат на екс-конзулот во Италија
    • Македонката Милена Витанова убиена во Италија: Сопругот признал и побегнал на гробишта
    • СПМ: Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот

    Митева: СДС со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака им беше длабоко во џебот

    09.05.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на Радар подкаст се осврна на прашањето за пристапувањето на Македонија кон Европската Унија и ја истакна стратешката определба на државата за членство во Унијата, нагласувајќи дека геополитичката и географската положба на Македонија го потврдува припаѓањето кон истата. Притоа, Митева истакна дека отстапките коишто ги правеше претходната власт на СДС и ДУИ секогаш беа на штета на македонски народ, македонскиот идентитет и култура.

    „Кога имавме сите една власт којашто ценеше дека потпишувањето бланко на парче хартија, не значи ништо и дека со одобрувањето на таквите работи ќе им се штити криминалот и корупцијата од странските фактори, затоа што додека со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака во џебот им беше и тоа длабоко во џебот. Нивната филозофија е дека треба да ги направиме сите отстапки за да го стигнеме тоа, нашиот одговор е: која е последната отстапка којашто ние треба да ја направиме, да не биде ова бесконечен процес“, рече Митева и додаде:

    „СДС и ДУИ дома зборуваа едно, а позади завесите таму некаде зборуваа сосема друго. Ветуваа дека се семоќни, ветуваат дека можат се да направат, дека имаат пратеници, дека ќе најдат начин, пет пати велеа го добивме датумот“.

    Митева нагласи дека токму ваквото водење на дипломатијата, од страна на тогашната власт предводена од СДС и ДУИ, резултирало со долгорочна, упропастена и уништена дипломатија на која и е потребно време да го врати својот интегритет. За разлика од тогаш, како што кажа Митева, сегашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се води дипломатија на едно сериозно ниво без допуштање на манипулации.

    „Мислам дека го имаме правецот, мислам дека навистина покажуваме што за нас значат вистински европски вредности, и како ние се стремиме навистина да бидеме дел од таа Европска Унија која е нашата домашна задача“, заврши Митева.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Филипче како Коте од Руља – се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев

    09.05.2026 во 12:04

    СПМ: Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот

    09.05.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.