Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот: Да градиме Европа која не заборава

    Премиерот: Да градиме Европа која не заборава

    09.05.2026 во 12:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нека 9 Мај биде потсетник дека слободата и мирот не се нешто што еднаш се добива и засекогаш се чува. Тие секоја генерација повторно ги брани – со мудрост, со работа и со единство. Ваква порака испрати премиерот Христијан Мицкоски, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“.

    „Денес, кога се поклонуваме пред жртвите кои го победија фашизмот, не смееме да заборавиме една голема вистина – слободата никогаш не е подарена. Таа е избор. Таа е борба. Таа е жртва. И секоја генерација има должност повторно да ја брани, со мудрост, со единство и со човечност.

    9 Мај не е само датум од историјата. Тоа е потсетник дека и во најтемните времиња народите можат да најдат сила да се обединат околу доброто. Дека омразата и поделбите никогаш не смеат да бидат посилни од достоинството и надежта. И дека Европа не е создадена само од договори и институции, туку од солзите на мајките, од жртвата на хероите и од сонот никогаш повеќе да не се повтори злото на војната“, изјави премиерот.

    Додаде дека добро ја знаеме цената на слободата.

    Знаеме што значи борба за своја држава, за свое име и за свое достоинство. И токму затоа денес испраќаме порака дека остануваме на страната на мирот, слободата и европските вредности.
    Да градиме Европа која не заборава. Европа која обединува. Европа на народите, достоинството и можностите. Но пред сè – да градиме држава како дом во кој секој човек ќе живее со надеж, сигурност и вера во иднината.

    Нека е вечна славата на хероите кои ја победија темнината. Нека е вечна идејата за слобода Доаѓа времето на Македонската иднина – горда, исправена и европска.Бог да ја благослови Европа, Бог да ја благослови нашата Македонија“, додаде премиерот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.