Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава
    • СДСМ предлага 28 денари за „вранец“ и 25 за „смедеревка“: Филипче критикува за ниските откупни цени
    • Лажен лекар од Штип измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра
    • Проблем со струјата во ПС „Довлеџик“: Можни прекини и намален притисок на водата во Битола
    • Мицкоски се сретна со чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка – во фокусот на средбата евроинтеграциите
    • УХМР со најнови податоци: Скопје, Велес и Демир Капија меѓу најтоплите градови во 14 часот
    • Драма во Тетово: Се обиделе да одземат полициско оружје откако ги фатиле на дело со дрога
    • Филипче: Подготвени сме за избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Над 74 % од буџетот на Министерството за транспорт реализиравме за капитални инвестиции

    Николоски: Над 74 % од буџетот на Министерството за транспорт реализиравме за капитални инвестиции

    08.05.2026 во 20:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 74% од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се веќе реализирани уште на почетокот од годината.Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. 

    Тој истакна дека овој резултат се должи на сериозното планирање и интензивна работа уште од првите месеци по формирањето на Владата и посочи дека ваквата реализација е силен импулс за економијата и градежниот сектор во државата.

    ” Работевме доста интензивно од изборот до минатото лето на сериозно планирање на активности и веќе од минатата пролет-лето, работиме на реализација. Јас не сум изненаден од овие бројки и сум навистина горд што 3/4 од средствата предвидени за капитални расходи во Министерството за транспорт се потрошени, затоа што тие средства даваат дополнителен стимул на економијата”, истакна Николоски.

    Вицепремиерот потенцира Министерството е подготвено да реализира дополнителни 40 милиони евра, доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот.

    ” Во однос на тоа што ќе правиме во остатокот од годината, ова е една убава комотна позиција за нас, да можеме при ребалансот на Буџетот, да побараме дополнителни средства. Ние во моментов имаме услови да исконзумираме некаде околу 2,5 милијарди денари или над 40 милиони евра, средства кои што дополнително сме спремни да ги реализираме во текот на годината, а надвор од ова што е буџет на Министерството за транспорт”, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и додаде: 

    ” Нашите проекти се највидливи и оваа цела раздвиженост на градежната оператива низ државата го покажува тоа што го зборувам”.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

    20.08.2026 во 11:56

    Колку пари му требаат на едно семејство? – Августовската кошница 68.675 денари

    20.08.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.