Close Menu
Press24
    Најново

    Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија

    08.05.2026 во 19:15

    Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова

    08.05.2026 во 18:59

    Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги

    08.05.2026 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија
    • Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
    • Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
    • Цело лето нема да работи жичницата на Водно
    • Мајка ја претапала ќерката – таткото пријавил во полиција
    • Фризура што брише години од лицето: Жените се луди по овој трик од 10 минути
    • Адријан Гаџа стана татко
    • Припадници на АРМ спасиле маж и жена: Со возило биле заглавени во канал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија

    Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија

    08.05.2026 во 19:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани.

    Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските приоритети. Нивната политичка платформа, рече, се базира на десноцентристичка ориентација со фокус на реална еднаквост на Албанците во институциите, правна држава, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско спроведување на Охридскиот рамковен договор.

    – Утре, 9 мај, не е обичен ден за политичката сцена на Албанците во Северна Македонија. Утре е моментот кога една идеја, која беше доведена во прашање, еден пат кој беше оспоруван и едно обединување кое беше поттикнувано од многумина, добива своја целосна форма и станува политичка реалност. „Вреди“, од соработката меѓу пет политички субјекти, се трансформира во единствено политичко тело – порача Сулејмани.

    Според него, утрешното обединување на Денот на Европа носи и посебна симболика за европска, правична и еднаква држава, најавувајќи политика во служба на граѓанинот, која, како што рече, ќе се мери преку конкретни резултати во економијата, поддршката за претприемачите и младите, како и преку квалитетно образование на албански јазик.

    – Веруваме дека Албанците во Македонија не бараат привилегии, туку еднаквост. Не бараат реторика, туку можности. Не бараат милост, туку правда и интегритет. Затоа, нашата филозофија е јасна. Десноцентристичка ориентација по вредности, модерна по пристап и решителна во заштитата на граѓанскиот интерес – истакна Сулејмани.

    На утрешниот настан, додаде, поканети се претставници на домашната и меѓународната јавност, како и дипломатскиот кор во земјава.

    – Утре, над 805 делегати ќе го запечатат овој процес. И пораката е јасна. „Вреди“ повеќе не е само коалиција, „Вреди“ е едно. Пративме покани до сите политички партии, освен Левица и исто така пративме покани и до политички партии надвор од земјава, организации кои функционираат во нашата земја и до амбасадите кои што се наши заеднички пријатели – додаде Сулејмани.

    Прочитај повеќе

    Гаши на средба со Варнс: Собранието е ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда

    08.05.2026 во 16:49

    Мицкоски го покани Радев во Скопје: Не гледам причина зошто да не разговараме

    08.05.2026 во 16:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.