Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

    08.05.2026 во 17:00

    Гаши на средба со Варнс: Собранието е ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда

    08.05.2026 во 16:49

    Мицкоски го покани Радев во Скопје: Не гледам причина зошто да не разговараме

    08.05.2026 во 16:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
    • Гаши на средба со Варнс: Собранието е ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда
    • Мицкоски го покани Радев во Скопје: Не гледам причина зошто да не разговараме
    • Вонредна седница во Кавадарци: Се бараат поголеми субвенции и ослободување од закуп за лозарите погодени од мразот
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Градот денес се чисти повеќе од кога било
    • Тошковски на пролетен марш во Неготино: Градиме силна и сплотена полиција
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не чека премиерски потпис, туку да го повика Ковачевски да одговара пред правдата
    • Ја тепал и давел пред очите на детето, успела да се засолни кај соседите: Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

    (ФОТО) Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

    08.05.2026 во 17:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме.

    Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со претседателката за нивните желби, амбиции и училишни активности, како и за потребата од поголема грижа за личното здравје и животната средина, за другарувањето и негувањето на бон-тонот во секојдневната комуникација.

    Низ разговорот и детските прашања се чувствуваше остроумноста на генерацијата којашто умее внимателно да набљудува и критички да размислува. Младите гости со зрелост, што на моменти ја надминуваше нивната возраст, изразија интерес за: предизвиците на претседателската функција, за омилените книги и хобија на претседателката, за традициите и културата, за убавините на македонските градови и села.

    Сиљановска-Давкова ги охрабри да учат, да го негуваат истражувачкиот дух и да веруваат во своите способности, бидејќи секое успешно општество почива врз образовани, доблесни и емпатични млади луѓе, подготвени одговорно да придонесуваат за заедницата

    На крајот од посетата, учениците ѝ подарија на претседателката прекрасни ракотворби, како потсетник на денешната средба, исполнета со ведрина, насмевки и ветување за ново дружење.

    Прочитај повеќе

    Гаши на средба со Варнс: Собранието е ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда

    08.05.2026 во 16:49

    Мицкоски го покани Радев во Скопје: Не гледам причина зошто да не разговараме

    08.05.2026 во 16:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.