Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредна седница во Кавадарци: Се бараат поголеми субвенции и ослободување од закуп за лозарите погодени од мразот

    Вонредна седница во Кавадарци: Се бараат поголеми субвенции и ослободување од закуп за лозарите погодени од мразот

    08.05.2026 во 16:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на Општина Кавадарци на денешната вонредна седница едногласно усвои серија заклучоци и иницијативи за помош на земјоделците кои претрпеа сериозни штети од пролетниот мраз. Советниците побараа од надлежното Министерство и Владата да се обезбедат зголемени субвенции за лозарите кај кои ќе биде утврдена штета.

    Меѓу барањата се и ослободување од воден надоместок за наводнување, како и ослободување од закупнина за земјоделско земјиште за погодените површини. Советот инсистира и на зголемување на процентот на државното обесштетување.

    „Општина Кавадарци да објави јавен повик со цел граѓаните на Општина Кавадарци кои што имаат претрпено материјална штета на земјоделските насади од природна непогода ниски температури, мраз, што го зафатија подрачјето на територијата на општината, во месец мај 2026 година, да пријават“, се наведува во заклучоците.

    Комисија формирана од Советот веднаш по јавниот повик ќе излезе на терен за директен увид кај физичките и правните лица. Извештајот за штетите, изработен како елаборат, ќе биде доставен до Владата.

    На седницата, свикана по иницијатива на Левица, советникот Бошко Бошев укажа на тешката состојба на одредени микролокации.

    „Имаме ситуации каде што во некои региони, на некои места, микро локации или депресивни места, имаме измрзнување до сто проценти. Тоа е во Шивец, покрај Црна Река, Дреново“, рече Бошев.

    Прочитај повеќе

    Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка

    17.08.2026 во 17:28

    Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките

    17.08.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.