Close Menu
Press24
    Најново

    Божиновска: Ако има потреба, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата

    08.05.2026 во 15:09

    Обид за грабеж се претвори во заложничка драма: Германскиот град Зинциг е под полициска опсада

    08.05.2026 во 14:55

    Жичницата на Водно нема да работи цело лето – Ѓорѓиевски: Можело да се случи да се откачи гондола

    08.05.2026 во 14:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Ако има потреба, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
    • Обид за грабеж се претвори во заложничка драма: Германскиот град Зинциг е под полициска опсада
    • Жичницата на Водно нема да работи цело лето – Ѓорѓиевски: Можело да се случи да се откачи гондола
    • Паркирањето во Центар станува луксуз: ПОЦ ги зголеми цените за станарите и фирмите
    • Посебен сообраќаен режим во Скопје: Улична трка в недела ќе затвори дел од булеварите
    • Кривична пријава за делчевка: Подигнала пари од сметката на починатиот сопруг
    • Приведен 79-годишен скопјанец: Допирал малолетна сосетка во неговиот дом
    • МВР со детали: Познат идентитетот на починатата 20-годишна девојка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Ако има потреба, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата

    Божиновска: Ако има потреба, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата

    08.05.2026 во 15:092 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска најави дека Владата будно ги следи состојбите на берзите и дека е можна нова рунда преговори за продолжување на попустот за нафтените деривати по 18 мај.

    „Следиме се што се случува. Нашите мерки моментално се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и ако е потребно повторно ќе преговараме со ОКТА за продолжување на попустот. Правиме се што е во интерес на нашите граѓани“, изјави Божиновска на средбата со новинарите.

    Министерката истакна дека Македонија во моментов е трета според преземените мерки за ублажување на ценовниот шок и дека земјата ги има најниските цени на нафтените деривати во регионот.

    Во однос на сомнежите за реекспорт на деривати, Божиновска информираше дека досега ниту една компанија не се обратила до министерството, но дека надлежните служби се веќе на терен.

    „Државниот пазарен инспекторат и Царинската управа веќе проверуваат дали е правен реекспорт на деривати“, рече Божиновска.

    Таа додаде дека Министерството ја поддржува идејата за ревизија на тарифните блокови за струја, доколку тоа донесе пониски сметки за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Е-фактура до крајот на годината и фронтална борба со сивата економија

    07.05.2026 во 16:47

    Кризата со керозин ја тресе Европа: Цените на горивата пораснаа за 84%, што ги очекува патниците

    07.05.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.