Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Инфлацијата е двојно повисока од еврозоната, секој петти граѓанин живее во сиромаштија

    08.05.2026 во 12:43

    Финансиска полиција откри криминал во Агенцијата за одземен имот: „Наместиле“ тендер за старо железо вреден 2 милиони денари

    08.05.2026 во 12:38

    Сиљановска-Давкова до Берсе: Билатерализацијата го поткопува проширувањето, пресудите од Стразбур мора да се почитуваат

    08.05.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Инфлацијата е двојно повисока од еврозоната, секој петти граѓанин живее во сиромаштија
    • Финансиска полиција откри криминал во Агенцијата за одземен имот: „Наместиле“ тендер за старо железо вреден 2 милиони денари
    • Сиљановска-Давкова до Берсе: Билатерализацијата го поткопува проширувањето, пресудите од Стразбур мора да се почитуваат
    • Сиљановска-Давкова: Македонија е под троен демографски притисок, потребни се мудри и хумани одговори
    • Муцунски на средба со висока делегација од ЕЕАС: Се зајакнува партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ
    • Филков ја потпиша Конвенцијата за вештачка интелигенција: Поголема заштита на приватноста и личните податоци за граѓаните
    • ИЈЗ будно ја следи состојбата со појавата на хантавирус на крузерот – еве каков е ризикот за Македонија
    • Манасиевски: СДС и Филипче немаат црвени линии, подготвени се за нови национални предавства
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Инфлацијата е двојно повисока од еврозоната, секој петти граѓанин живее во сиромаштија

    Кузеска: Инфлацијата е двојно повисока од еврозоната, секој петти граѓанин живее во сиромаштија

    08.05.2026 во 12:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека под негово водство економијата бележи сериозен пад. Според неа, додека власта презентира успеси, податоците на Статистика покажуваат инфлација од 5,7% во споредба со лани.

    „Тоа е речиси двојно повисока инфлација од еврозоната, каде инфлацијата во април изнесува 3%. Најголем удар трпат граѓаните преку поскапата храна. Трошоците за храна се зголемени за 8%“, истакна Кузеска.

    Таа посочи дека синдикалната кошничка од 69.000 денари е недостижна за граѓаните, додека власта одбива мерки за заштита на стандардот, како што се укинување на ДДВ за храната и зголемување на минималната плата.

    „Последните податоци покажуваат дека стапката на сиромаштија во првата година од владата на ВМРО изнесува 21,9%. Тоа значи дека секој петти граѓанин живее под прагот на сиромаштија“, обвини портпаролката на СДСМ.

    Според Кузеска, за две години државата е задолжена за нови 2,3 милијарди евра, кои според неа завршуваат во „криминални тендери“, додека буџетот доцни со исплатите за социјално и здравствено осигурување.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова до Берсе: Билатерализацијата го поткопува проширувањето, пресудите од Стразбур мора да се почитуваат

    08.05.2026 во 12:18

    Сиљановска-Давкова: Македонија е под троен демографски притисок, потребни се мудри и хумани одговори

    08.05.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.