Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на средба со висока делегација од ЕЕАС: Се зајакнува партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ

    Муцунски на средба со висока делегација од ЕЕАС: Се зајакнува партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ

    08.05.2026 во 12:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се сретна со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС). Фокусот на разговорите беше ставен на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Македонија, потпишано во 2024 година.

    На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог, а како значаен чекор беше оценет и вториот состанок одржан минатиот месец во Брисел. Според соопштението од МНРиНТ, овие средби придонесуваат за преточување на политичките заложби во конкретни приоритети за соработка.

    Соговорниците разменија мислења и за Европскиот мировен инструмент (ЕПФ). Беше нагласено дека се очекува зголемување на поддршката за земјите од регионот преку Стратешките насоки за 2027 година.

    „Се очекува зголемување на поддршката за земјите од регионот, како и развој на проекти кои, покрај билатералната компонента, ќе имаат и регионална димензија“, беше истакнато на средбата.

    Претставниците на ЕЕАС информираа и за можни поголеми регионални проекти кои би се финансирале од европскиот буџет за 2027 година. Министерот Муцунски ја потврди силната ориентација на земјата кон евроинтеграциите.

    „Македонија останува кредибилен и конструктивен партнер на Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика“, порача Муцунски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.