Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Свети апостол Марко: Првиот проповедник кој го донесе христијанството во Египет

    Денеска е Свети апостол Марко: Првиот проповедник кој го донесе христијанството во Египет

    08.05.2026 во 09:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светиот апостол и евангелист Марко, сопатник и близок соработник на апостолот Петар. Свети Марко е авторот на едно од четирите Свети Евангелија, напишано во Рим на барање на верниците, а посведочено како вистинито од самиот апостол Петар.

    По неговото ракополагање за епископ, Марко бил испратен на мисија во Египет, каде станал првиот проповедник на Христовата наука. Со Божја помош, тој успеал да го рашири христијанството низ Либија, Амоникија и Пентапол, по што во Александрија ги поставил темелите на првата Црква.

    Неговото делување било проследено со големи чуда, што предизвикало гнев кај незнабошците. По неколкугодишна мисија, при неговото враќање во Александрија, тој бил заробен и изложен на сурови измачувања.

    Додека го влечеле по улиците на градот, според преданието, му се јавил Самиот Господ Исус со зборовите: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“, на што Марко одговорил: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“.

    Свети Марко починал од здобиените рани со молитва на усните: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“. Неговите свети мошти, погребани од христијаните, низ вековите се почитуваат како извор на исцеленија.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.