Close Menu
Press24
    Најново

    Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони

    10.06.2026 во 12:32

    МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

    10.06.2026 во 12:26

    Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите

    10.06.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Адвокатка објави видео од брутално врсничко насилство во Штип: Институциите изрекуваат минимални казни

    Адвокатка објави видео од брутално врсничко насилство во Штип: Институциите изрекуваат минимални казни

    07.05.2026 во 21:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вознемирувачка видео снимка на која јасно се гледа брутално врсничко насилство врз малолетно девојче во Штип ја шокираше македонската јавност, откако на својот Фејсбук профил ја сподели адвокатката Маја Ристова. На видеото, кое сведочи за настани од пред неколку месеци, се гледа како жртвата е удирана со тупаници и шлаканици по главата и телото, а потоа е и клоцана додека лежи беспомошно на земјата. Насилството, според наводите, се случувало на повеќе локации низ градот.

    И покрај сериозноста на физичкиот напад, институционалниот одговор предизвика остри критики. За кривичното дело „Насилство врз дете“, јавниот обвинител предложил воспитна мерка – „Засилен надзор од страна на Центарот за социјални работи“. Сепак, судот проценил дека дури и оваа мерка е престрога, па на насилниците им изрекол само „Засилен надзор од страна на родител“.

    Адвокатката Ристова изрази огромно разочарување од ваквиот пристап на правосудниот систем, нарекувајќи ја мерката „пресмешна“. Предметот во моментов се наоѓа во жалбена постапка. Во меѓувреме, кривичните пријави за „Запуштање и малтретирање на дете“ првично биле отфрлени, но по поднесена жалба, предметот е вратен на повторно одлучување.

    „Поентата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи ‘Рибникар’, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот ‘Ивана и Катја’“, предупредува Ристова.

    Министерството за внатрешни работи (МВР) реагирало по службена должност и до Обвинителството поднело кривични пријави против малолетниците. Во тек е судска постапка за делата „насилство врз дете“ и „неовластено снимање“, насочена кон децата кои учествувале во нападот и ги снимале насилничките сцени. Засега, институциите не побарале никаква кривична или прекршочна одговорност од родителите на насилниците.

    Прочитај повеќе

    Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала

    10.06.2026 во 12:01

    Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата

    10.06.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.