Close Menu
Press24
    Најново

    БРАВО ИЛИЈА: 14-годишен велешанец најде 46.000 денари и ги врати, СВР Велес го награди за Денот на полицијата

    07.05.2026 во 18:21

    Бугарски пратеник сам си праќал закани за обезбедување: Службите претворени во „слуги“ на политичарите

    07.05.2026 во 17:50

    Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители

    07.05.2026 во 17:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • БРАВО ИЛИЈА: 14-годишен велешанец најде 46.000 денари и ги врати, СВР Велес го награди за Денот на полицијата
    • Бугарски пратеник сам си праќал закани за обезбедување: Службите претворени во „слуги“ на политичарите
    • Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители
    • Јотова му го врачи мандатот: Румен Радев е на потег за составување на новата бугарска влада
    • 20-годишна девојка пронајдена почината во стан во Штип
    • Е-фактура до крајот на годината и фронтална борба со сивата економија
    • Кризата со керозин ја тресе Европа: Цените на горивата пораснаа за 84%, што ги очекува патниците
    • Велешанец прегазил жена на крстосница во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » БРАВО ИЛИЈА: 14-годишен велешанец најде 46.000 денари и ги врати, СВР Велес го награди за Денот на полицијата

    БРАВО ИЛИЈА: 14-годишен велешанец најде 46.000 денари и ги врати, СВР Велес го награди за Денот на полицијата

    07.05.2026 во 18:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес одлучи овогодишниот Ден на македонската полиција, 7 Мај, да го одбележи со посебен и инспиративен гест. Началникот на СВР Велес му додели официјална благодарница на 14-годишниот Илија Гигов, младо момче кое со својата постапка го воодушеви градот и покажа што значи вистинска чесност и одговорност.

    Имено, пред неколку дена, движејќи се кон своето училиште, Илија пронашол туѓа банкарска книшка и 23 банкноти во апоени од по 2.000 денари (вкупно 46.000 денари). Без воопшто да размислува да ги задржи за себе, тој веднаш ги известил своите родители. Заедно се упатиле во полициската станица и ги предале пронајдените средства, кои потоа експресно биле вратени на нивниот вистински сопственик.

    „Овој мал јунак со големо срце одржа лекција како за своите врсници, така и за возрасните. Илија со само 14 години, со својата хуманост и добронамерност, покажа високо ниво на морални вредности вредни за почит и благодарност. Неговата постапка претставува светол пример и инспирација за сите нас“, се вели во официјалната објава на Министерството за внатрешни работи.

    Гестот на младот велешанец докажува дека добрината и моралните вредности сè уште постојат меѓу младите генерации, а МВР преку оваа благодарница испрати силна порака за важноста на граѓанската одговорност.

    Прочитај повеќе

    Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители

    07.05.2026 во 17:44

    20-годишна девојка пронајдена почината во стан во Штип

    07.05.2026 во 17:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.