Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС свесно ја манипулира јавноста, инфлацијата се стабилизира и покрај кризите

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС свесно ја манипулира јавноста, инфлацијата се стабилизира и покрај кризите

    07.05.2026 во 16:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Кога СДС зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно граѓаните живееја со 150 денари на ден. Денес, инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици од војната во Европа, со кои се соочуваат сите држави.

    Факт е дека инфлацијата во април споредено со март изнесува 1,3%, што покажува стабилизирање на цените и постепено смирување на инфлаторните притисоци. Она што го премолчуваат СДС е тоа дека  годишната стапка од 5,7% е резултат и на споредбената основа, бидејќи минатата година во овој период беа активни мерките за велигденската кошничка, кои привремено ги намалија цените на одредени производи.

    ВМРО-ДПМНЕ навремено презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а тие мерки беа позитивно оценети и поздравени од ММФ како одговорни и насочени кон стабилизација на економијата.
    Дополнително, Владата ги намали акцизите на горивата, со што бензинот е поевтин за 2 денари, а дизелот за 4 денари, директно намалувајќи го притисокот врз трошоците на граѓаните и компаниите.

    За разлика од СДС, кои оставаа кризи без решенија и ја туркаа државата во долгови без ефект, ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно, домаќински и со конкретни политики за економска стабилност и поддршка на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.