Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски:  Дигитализацијата е економска мерка која создава додадена вредност

    Андоновски:  Дигитализацијата е економска мерка која создава додадена вредност

    07.05.2026 во 15:28Updated:07.05.2026 во 15:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на Германско–Македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора — AHK Nordmazedonien и Македонско-германското стопанско здружение.

    Во своето обраќање, Андоновски истакна дека соработката во економската сфера значи потврда на стратешкото партнерство на двете држави, и додаде дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, туку економска мерка која директно влијае врз конкурентноста, инвестициите, продуктивноста и довербата во институциите.

    „Дигитализацијата не треба да ја гледаме како цел сама по себе. Таа е алатка за подобра држава и поконкурентна економија,“ порача министерот Андоновски.

    Тој нагласи дека целта на Министерството за дигитална трансформација е државата да стане побрза, подостапна и посигурна, а јавните услуги да не го забавуваат бизнисот, туку да го поддржуваат неговиот развој.

    Во фокусот на обраќањето беа три клучни столба: Националниот портал за услуги, интероперабилноста и сајбер безбедноста.

    Говорејќи за Националниот портал за услуги — uslugi.gov.mk, министерот истакна дека тој претставува една од клучните точки преку кои дигитализацијата станува директно видлива и достапна за граѓаните и компаниите. Во изминатите две години, дигитализирани се околу 200 нови електронски услуги, отворени се 13 нови Центри за услуги ширум државата, а обезбедена е и законска валидност на електронските документи издадени преку Националниот портал, еднаква со хартиените документи.

    „Кога зборуваме за Националниот портал за услуги, не зборуваме само за веб-страница. Зборуваме за деловна инфраструктура и за нов начин на комуникација меѓу државата, граѓаните и економијата,“ истакна Андоновски.

    Министерот се осврна и на интероперабилноста, која овозможува институциите и корисниците на платформата да разменуваат податоци безбедно, стандардизирано и законито. Тој нагласи дека целта е „податоците да се движат, а не луѓето“, со што се намалуваат административните трошоци и се забрзуваат процедурите за компаниите.

    Говорејќи за сајбер безбедноста, Андоновски порача дека таа е предуслов за доверба во дигиталните услуги, заштита на податоците и отпорност на економијата.

    „Дигитализацијата и сајбер безбедноста мора да одат заедно. Дигиталните услуги немаат вредност ако граѓаните и компаниите не веруваат дека системите се сигурни,“ нагласи министерот.

    На крајот, Андоновски истакна дека германско-македонската економска соработка е пример за важноста на довербата, стандардите и долгорочната визија, додавајќи дека бизнис-заедницата е клучен партнер во следната фаза на дигиталната трансформација.

    Во рамки на настанот Министерот беше дел и од панел дискусија на која се зборуваше за идните планови и цели кои сака да ги постигне Македонија во делот на дигиталната трансформација.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.