Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали од Тетово: Знаењето и иновациите се клучни двигатели за европската интеграција на државата

    Сали од Тетово: Знаењето и иновациите се клучни двигатели за европската интеграција на државата

    07.05.2026 во 12:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик на Претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на Научниот саем 2026 година, организиран од Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.

    Во своето обраќање пред присутните, Сали потенцираше дека науката и иновациите се основните столбови на кои се потпира економскиот напредок на земјата.

    „Денес, повеќе од кога било, економскиот напредок зависи од човечкиот капитал и способноста идеите да се претворат во конкретна вредност. Ваквите настани се доказ дека имаме генерации кои се подготвени да ја градат иднината,“ истакна Сали.

    Министерот подвлече дека овој саем е значаен бидејќи овозможува презентација на младински идеи кои претставуваат мост помеѓу образовниот систем и бизнис секторот.

    Тој додаде дека стратешки приоритет на државата останува поддршката за иновациите, бидејќи преку инвестиции во младите се трасира патот кон европската иднина.

    На самиот крај, Сали упати честитки до организаторите и им посака успех на сите млади учесници на саемот.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.