Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Новата стратегија за демографска отпорност е национална рамка за иднината на државата

    Мицкоски: Новата стратегија за демографска отпорност е национална рамка за иднината на државата

    07.05.2026 во 11:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја отвори Втората регионална министерска конференција за демографска отпорност во Скопје, на која учествуваат високи претставници на ОН, Советот на Европа и меѓународни организации. Во своето обраќање, тој ја најави новата Стратегија за демографска отпорност 2026–2046, која треба да послужи како долгорочен план за опстанокот и развојот на земјата.

    Според премиерот, демографските промени веќе не се само статистички податок, туку реалност која се чувствува преку испразнетите училници и недостигот на работна сила.

    „Нашата определба е јасна — наместо политика на страв, градиме политика на отпорност. Наместо краткорочни мерки, создаваме долгорочна стратегија. Наместо декларативни заложби, поставуваме системски решенија. Токму затоа ја подготвивме новата Стратегија за демографска отпорност 2026–2046. Не како формален документ што ќе остане на хартија, туку како национална рамка за иднината на државата“, истакна Мицкоски.

    Стратегијата предвидува сеопфатен пристап кој ги поврзува економијата, здравството, образованието и социјалните политики. Премиерот потенцираше дека најголемата сила на државата се луѓето, а не ресурсите.

    Во својот говор, тој упати и порака за личната одговорност на секој граѓанин кон системот.

    „Конечно треба сите ние да си го поставиме прашањето дека што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас. Не можеме ние континуирано да го трошиме системот, не можеме континуирано да го злоупотребуваме системот и да бараме тој ист систем да ни враќа со најдобри политики, со најдобри услуги. Мораме да сме свесни дека системот сме ние, и каков систем ќе изградиме, така тој систем нас ќе ни врати“, порача тој.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.