Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Не сме подготвени за уставни измени, недостига доверба и кредибилитет

    Муцунски: Не сме подготвени за уставни измени, недостига доверба и кредибилитет

    07.05.2026 во 10:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска порача дека државата во моментов не е подготвена да преземе чекори кон уставни измени. На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, Муцунски истакна дека постои сериозен недостиг на доверба во однос на меѓународните испораки кон земјава.

    „Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе каков било чекор кон уставни измени“, изјави Муцунски.

    Министерот потенцираше дека земјата останува посветена на реформската агенда и европските вредности, без оглед на моменталните препреки. Според него, фокусот останува на заедничката надворешна и безбедносна политика.

    Во однос на политичката ситуација во Софија, Муцунски нагласи дека Македонија е секогаш отворена за дијалог, но дека досега таква волја кај соседот недостигала.

    „Она што можам да ви го кажам е дека ние секогаш сме биле подготвени за дијалог и сега сме подготвени за тоа. Недостиг за волја за таков дијалог имаше од страна на соседна Бугарија при постоењето на една претходна политичка влада. Јас се надевам дека има свест во Софија оти европската перспектива за нашата држава е значајна за целиот регион“, заклучи министерот.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.