Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантни податоци на Евростат: Сексуалното насилство во ЕУ во пораст, во Македонија евидентирани 131 случај

    Алармантни податоци на Евростат: Сексуалното насилство во ЕУ во пораст, во Македонија евидентирани 131 случај

    07.05.2026 во 10:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сексуалното насилство и силувањата во Европската Унија бележат константен и загрижувачки раст во последната деценија, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани рекордни 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, што е зголемување за 5% во однос на претходната година.

    Во Македонија, бројот на евидентирани дела во 2024 година изнесува 131, од кои 31 се силувања. Иако бројката е за само еден случај поголема од 2023 година, долгорочната статистика покажува дека рекордот во земјава е забележан во 2013 година со 151 регистриран случај.

    Трендови во Европа Анализата на последната деценија (2014-2024) открива фрапантни податоци: сексуалното насилство во ЕУ скокнало за 94%, додека бројот на силувања е зголемен за дури 150%. Експертите сметаат дека ваквиот раст може да се должи и на зголемената свест кај жртвите за пријавување на овие дела.

    Најголем број случаи во апсолутни бројки се евидентирани во:

    • Франција: 96.654
    • Германија: 54.361
    • Шведска: 21.207

    Наспроти нив, најмалку вакви дела се евидентирани во Лихтенштајн (28) и Црна Гора (49).

    Состојбата во регионот Македонија со 131 случај се наоѓа на средината во споредба со соседите. Најмногу регистрирани случаи има во Грција (1.250) и Хрватска (942), додека помалку од нас имаат Албанија (124) и Црна Гора (49).

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.