Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра

    07.05.2026 во 10:00

    Утре е Св. апостол и евангелист Марко: Именден празнуваат Марко, Марјан…

    07.05.2026 во 09:51

    СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да ја ослаби опозицијата

    07.05.2026 во 09:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: Луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра
    • Утре е Св. апостол и евангелист Марко: Именден празнуваат Марко, Марјан…
    • СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да ја ослаби опозицијата
    • Дел од Кисела Вода денеска без електрична енергија
    • Дневен хороскоп: Силна енергија и напнатост – Еве што ги очекува знаците денес
    • Централна прослава во Скопје: МВР денеска го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција
    • 100-та седница на Собранието: На дневен ред воена соработка со Турција и новиот Факултет во Битола
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е продолжена рака на Заев, подготвен е на национални отстапки за да остане на тронот во СДС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра

    ДУИ: Луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра

    07.05.2026 во 10:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари, пишува во денешното соопштение на ДУИ.

    „Компанијата „Green Maintenance“ формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите.

    Она што го прави случајот уште поскандалозен е фактот што еден од сопствениците на компанијата, Шабан Шефки, јавно се појавува како активист и поддржувач на ВРЕДи и Изет Меџити, додека договорот го потпишува директорот на МЕПСО, Бурим Латифи прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанијата од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за 6 милиони евра.

    МЕПСО веќе е во центарот на јавноста по скандалот со далноводот кон Албанија, каде државата треба да плати милионска штета.

    Додека граѓаните се соочуваат со економска криза и високи цени, луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра.

    ДУИ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство веднаш да отворат постапка и да истражат дали зад овој тендер стои организирана шема за извлекување на јавни пари.

    Граѓаните заслужуваат институции, а не партиски и семејни каси“, велат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да ја ослаби опозицијата

    07.05.2026 во 09:43

    100-та седница на Собранието: На дневен ред воена соработка со Турција и новиот Факултет во Битола

    07.05.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.