Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 100-та седница на Собранието: На дневен ред воена соработка со Турција и новиот Факултет во Битола

    100-та седница на Собранието: На дневен ред воена соработка со Турција и новиот Факултет во Битола

    07.05.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 100-та седница, на чиј дневен ред се поставени вкупно 17 точки. Пратениците ќе дебатираат за низа законски решенија, меѓународни ратификации и годишни извештаи на државните институции.

    Меѓу клучните точки се предлог-законите за ратификација на договорите со Турција, кои се однесуваат на воената соработка и образованието. Исто така, на дневен ред е и Спогодбата со Европската инвестициска банка за отворање претставништво во земјава.

    Во делот на законските измени, пратениците во второ читање ќе го разгледуваат Дополнетиот предлог на закон за Советот на јавните обвинители. Во прво читање, пак, се предвидени:

    • Законот за младински додаток;
    • Измени во Законот за индустриски-зелени зони;
    • Основање на Факултет за медицински науки во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

    Посебен дел од седницата е посветен на годишните извештаи за 2025 година. Пред пратениците ќе се најдат документите за работата на АЕК, АВМУ, МРТ, како и извештаите на Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

    Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) поднесува неколку извештаи, вклучително и Годишниот извештај за работа, но и посебните извештаи за финансирањето на изборните кампањи за локалните избори и повторените избори во неколку општини во 2026 година.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.