Close Menu
Press24
    Најново

    Почина Сами Адеми – доајен на спортското новинарство

    06.05.2026 во 22:27

    Зеленски: Унгарија ги врати запленетите пари и злато

    06.05.2026 во 22:04

    ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

    06.05.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина Сами Адеми – доајен на спортското новинарство
    • Зеленски: Унгарија ги врати запленетите пари и злато
    • ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување
    • Анџелина Џоли доби судски спор против Бред Пит за приватните пораки
    • Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
    • Инцидент во Оманскиот Залив: Американските сили пукаа врз ирански танкер
    • Експлозии во Бејрут: Израелски ракети ги погодија упориштата на Хезболах
    • Сали: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство останува значајно за реформите, развојот и демократската отпорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина Сами Адеми – доајен на спортското новинарство

    Почина Сами Адеми – доајен на спортското новинарство

    06.05.2026 во 22:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската спортска јавност се простува од Сами Адеми, долгогодишен новинар, коментатор и еден од доајените на спортското новинарство во земјава.

    Веста за неговата смрт ја сподели Фудбалската федерација на Македонија преку емотивна објава на социјалните мрежи, потсетувајќи на неговата долгогодишна посветеност кон спортот и македонската репрезентација.

    „Замина тивко, како што знаат да заминат големите“, напишаа од ФФМ.

    Сами Адеми со децении беше дел од македонската спортска сцена, препознатлив по својот глас, коментаторски стил и присуството на најзначајните спортски настани. Како новинар и коментатор на МТВ 2, тој беше сведок на бројни успеси, натпревари и спортски моменти што останаа запаметени кај генерации гледачи.

    „Гласот што со децении ги раскажуваше нашите натпревари, човекот што ја живееше репрезентацијата и беше таму кога се славеше и кога беше најтешко“, стои во објавата на Фудбалската федерација.

    Од ФФМ додаваат дека Адеми не бил само хроничар на спортските случувања, туку и човек кој бил дел од самата спортска приказна.

    „Од МТВ 2, од стадионите, од секоја спортска приказна, Сами не беше само сведок, туку дел од играта“, наведуваат од Федерацијата.

    Неговото име ќе остане запаметено како дел од историјата на македонското спортско новинарство, а колегите, спортистите и љубителите на спортот ќе го паметат по професионалноста, смиреноста и љубовта кон спортот.

    „Ќе недостига. Почивај во мир, Сами“, порачуваат од ФФМ.

    Прочитај повеќе

    Фудбалскиот свет завиен во црно: Почина Александар Манингер, легендарниот голман на Арсенал и Јувентус

    16.04.2026 во 22:08

    Вечерва замина фудбалска легенда

    07.04.2026 во 21:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.