Close Menu
Press24
    Најново

    Зграда срамнета со земја, покривот заврши на железничка станица – Хорор во регионот

    12.06.2026 во 10:11

    Нови можности за инвестиции во енергетиката – Божиновска на форум во Истанбул

    12.06.2026 во 10:04

    Ажурирана Стратегијата за регионален развој – фокус на демографските промени

    12.06.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зграда срамнета со земја, покривот заврши на железничка станица – Хорор во регионот
    • Нови можности за инвестиции во енергетиката – Божиновска на форум во Истанбул
    • Ажурирана Стратегијата за регионален развој – фокус на демографските промени
    • Пријавиле бучава, откриле дрога – Драма во Белград
    • Трагедија во Холандија: Автомобил покоси ученици на екскурзија, загинаа три деца и еден возрасен
    • Пожар ја разбуди Кисела Вода – Семејства бегале во пижами со бебиња во раце
    • Падна цената на нафтата
    • Инцидент на Халкидики: Пукна цевка во Пефкохори, забрането капење во водата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче е спремен да ги продолжи предавствата на Заев за да ја задржи фотелјата на Бихаќка

    Манасиевски: Филипче е спремен да ги продолжи предавствата на Заев за да ја задржи фотелјата на Бихаќка

    06.05.2026 во 13:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека верно ги следи политиките на неговиот претходник Зоран Заев. Според Манасиевски, Филипче е третиот во низата по Заев и Ковачевски кој е подготвен да ги продолжи „предавничките политики“ за да ја зачува својата позиција во партијата.

    Манасиевски потсети на изјавата на Филипче дадена пред гробот на Гоце Делчев, каде што лидерот на СДСМ истакна дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет.

    „Тоа е истата онаа Бугарија каде официјални лица говореа дека македонскиот јазик е создаден во 1945 година и е изменета верзија на бугарскиот јазик, додека пак Гоце Делчев е бугарски револуционер“, изјави Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека на СДСМ не им се важни националните интереси и идентитетот, туку дека се подготвени веднаш да ги потпишат уставните измени без никакви гаранции за евроинтегративниот пат.

    „Погрешните политики на СДС како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДС за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ“, порача Манасиевски.

    Според него, со ваквите изјави Филипче ја потценува свеста на граѓаните за сериозноста на идентитетските прашања.

    „Венко Филипче е само бледа копија на Зоран Заев, а со неговите изјави секој ден се повеќе потврдува и дека ќе го надмине Зоран Заев“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Нови мерки за вработување и поддршка на над 3.500 лица

    12.06.2026 во 09:10

    ВРЕДИ: Поддршката за бизнисите и создавањето услови Албанците да ја градат својата иднина во државата

    12.06.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.