Close Menu
Press24
    Најново

    Димитровски од Ереван: Меѓународното право не секогаш се почитувало во однос на нашата држава

    05.05.2026 во 19:09

    Малолетници тепале дете во Чаир

    05.05.2026 во 18:49

    Средба Хоџа – Јумакли: Зајакнување на билатералната соработка со Турција

    05.05.2026 во 18:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитровски од Ереван: Меѓународното право не секогаш се почитувало во однос на нашата држава
    • Малолетници тепале дете во Чаир
    • Средба Хоџа – Јумакли: Зајакнување на билатералната соработка со Турција
    • Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на денешната пресуда: Бараме одговорност без компромис
    • 23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
    • Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
    • Ограничен пад на цените на нафтата
    • Хоџа на Меѓународен форум за води: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитровски од Ереван: Меѓународното право не секогаш се почитувало во однос на нашата држава

    Димитровски од Ереван: Меѓународното право не секогаш се почитувало во однос на нашата држава

    05.05.2026 во 19:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на третата едиција на форумот „Ереван Дијалог“, што се одржува на 5 и 6 мај 2026 година во Ерменија. 

    Во рамки на форумот, Димитровски учествуваше на панел – дискусија посветена на глобалните геополитички трансформации и предизвиците на мултиполарниот свет, засилената конкуренција меѓу големите сили и нивното влијание врз меѓународната трговија и економските текови. Дополнително, беа опфатени и безбедносните импликации од овие процеси, како и прашањата поврзани со технолошкиот развој и дигиталната трансформација.

    Во своето обраќање, тој ја истакна определбата на Владата за зајакнување на стратешките партнерства со клучните меѓународни актери како темел за безбедност, економски развој и стабилност на државата. 

    Димитровски се осврна и на европската перспектива на нашата земја, нагласувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел од највисок национален интерес и претставува најодржлив пат за напредок на земјата, во услови на непредвидливи глобални околности. 

    Дополнително, ги истакна и заложбите на земјата за унапредување на енергетската поврзаност во рамки на паневропските коридори 8 и 10, како клучни алтернативни рути за диверзификација на снабдувањето, со цел зголемување на сигурноста и стабилноста на енергетските текови и зајакнување на економскиот напредок на регионот на Западен Балкан, како и негово забрзано интегрирање во Европа.

    Осврнувајќи се на искуството на нашата земја и нарушувањето на меѓународниот поредок, Димитровски нагласи дека искуството на нашата земја покажува оти меѓународното право не секогаш се почитувало, посочувајќи ги како примери пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг поврзана со блокадата за членство во НАТО, како и одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на регистрацијата на здруженијата на Македонците во Бугарија.

    Форумот беше посветен на современите глобални и регионални предизвици, со фокус на геополитичките трансформации, безбедносните и економските динамики, европската интеграција, енергетската и зелената транзиција, како и влијанието на новите технологии и вештачката интелигенција врз глобалните односи.

    Прочитај повеќе

    Малолетници тепале дете во Чаир

    05.05.2026 во 18:49

    Средба Хоџа – Јумакли: Зајакнување на билатералната соработка со Турција

    05.05.2026 во 18:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.