Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е спремен да ги распродаде националните интереси исто како Заев

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е спремен да ги распродаде националните интереси исто како Заев

    05.05.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Филипче кажа дека „Бугарија не го негира идентитетот на Македонија“  и покрај отвореното негирање на Бугарија на идентитетот, на Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебнмиците, покрај оспорувањето на јазикот, Филипче ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

    Тоа е доказ дека СДС на чело со Филипче е конзистентен во предавничките политики исто како и неговиот гуру Заев.

    Филипче нема црвени линии и заборава дека токму тој став  и погрешната политиката на отстапки на СДС, Заев и останатите во минатото ја доведоа државата во состојба на константни уцени и блокади од Бугарија.

    Додека Филипче ја убедува јавноста дека „нема проблем“, во позадина е спремен на се и секакви отстапки кои директно удираат врз македонските интереси.

    Токму затоa Филипче и СДС од една страна се претставуваат како проевропски додека соработуваат со проруски бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Дака.

    Филипче и СДС се проевропски само кога тоа им треба како во кампања кога ветуваа бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето тоа добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ.

    Филипче и СДС се проевропски само кога прават злоупотреба на европско знаменце во Собранието, а во реалноста делеа тендери, државјанства и вдомуваа луѓе блиски до Путин.

    Додека СДС и Филипче се продаваат како проевропски, владеењето на СДС беше обележано по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

    Покрај Онишченко, кого СДС  го вдомија во државата и му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

    Неопходна е јасна стратегија и јасен план за интеграцијата на државата, со прецизно дефинирани државни позиции кои ќе бидат доследно бранети и почитувани. СДС и Филипче не го нудат тоа и немаат црвени линии“, стои во ссопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.