Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: Започнува кампањата „Мај – Месец на Европа“, фокусот е на младите и локалната економија

    ВЛЕН: Започнува кампањата „Мај – Месец на Европа“, фокусот е на младите и локалната економија

    05.05.2026 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВЛЕН ја поздравува иницијативата за започнување на кампањата „Мај – Месец на Европа“, која има за цел процесот на европската интеграција да го приближи до граѓаните и да го направи поопиплив во секојдневниот живот, се наведува во соопштението од коалицијата. 

    „По тој повод, првиот заменик-премиер на Република Северна Македонија, Беким Сали, на состанок со амбасадори, меѓународни партнери и пријатели на земјата, истакна дека фокусот е насочен кон конкретните придобивки што ги носи Европската Унија, како што се повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.

    ВЛЕН оцени дека ваквиот пристап, насочен кон видливи резултати, претставува нов и неопходен чекор во европскиот пат на државата. Во текот на овој месец ќе бидат претставени и успешни приказни од проекти поддржани од ЕУ, кои го потврдуваат реалното влијание врз животот на граѓаните.

    ВЛЕН нагласува дека Европа не е само политички процес, туку пред сè заедница на вредности, креативност и соработка меѓу луѓето. Поради тоа, активностите на „Месецот на Европа“ ќе бидат спроведени во различни општини, со цел процесот на интеграција да биде поблиску и поразбирлив за граѓаните.

    ВЛЕН останува посветен дека патот кон Европската Унија треба да биде инклузивен процес, во кој институциите, граѓанското општество, универзитетите и бизнисот активно придонесуваат за европската иднина на државата.

    ВЛЕН, со граѓаните, за европска иднина“, се вели во соопштението од ВЛЕН. 

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.