Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Велковски: Сакаме да говориме за сите политики што се однесуваат за младите
    • Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
    • СДСМ: Мицкоски намерно не изолира
    • Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик: 81 година од усвојувањето на македонската азбука

    Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик: 81 година од усвојувањето на македонската азбука

    05.05.2026 во 09:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со серија настани и научни трибини, денеска во земјата се одбележува 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Празникот официјално се празнува од 2019 година, во чест на историското решение од 1945 година со кое македонската азбука стана официјално писмо.

    Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, додека првиот правопис беше озаконет два месеци подоцна, на 7 јуни 1945 година.

    Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ празникот ќе го одбележи со обраќања на директорката Елена Јованова-Грујовска, Кристина Николовска и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во рамки на настанот, научниот советник Борче Арсов ќе го одржи излагањето „Од црти и рески до кирилицата: патот на македонското писмо“.

    На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржи трибина посветена на состојбите во современиот јазик и неговата примена во правните акти, каде ќе учествуваат професори и експерти од повеќе институции.

    Собраниската Комисија за култура и туризам, пак, ќе го одбележи јубилејот 80 години од првата „Македонска граматика“ на Круме Кепески. Покрај пратениците, за важноста на ова дело ќе говорат и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.

    Денешниот ден ќе биде одбележан и на ФИНКИ преку работилница за дигиталните јазични ресурси за македонскиот јазик.

    Прочитај повеќе

    Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино

    28.09.2026 во 19:13

    Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“

    28.09.2026 во 18:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.