Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Кога говориме на темата за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и зборуваме за она што во иднина следи. Државите се градат со многу битки, многу борби, војни, крв и жртви. Гоце Делчев е една од жртвите во македонската историја којшто загинал за тоа што го идеализирал и размислувал. Гоце Делчев во сите свои постапки, дела, работа и писанија што ги има за него е истакнато дека работел за самостојна, за автономна, за независна Македонија, и загинал за таа идеја“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.

    Ѓорѓија Сајкоски посочи дека кога говориме за Гоце Делчев, говориме за државноста на Македонија и испрати порака да работиме во насока да ги почитуваме нашите борци кои дале значаен придонес за автономна и независна Македонија и да продолжиме да работиме за развиена држава со која што ќе се гордеат идните генерации.

    „Да работиме во насока да ги почитуваме нашите борци, нашите жртви, за слобода, за автономија, за Македонија, коишто дале значаен придонес, и да работиме како тие што работеле во минатото. Тие работеле за идеја, за независност, за посебност, за самостојност, а ние да работиме за развиена држава, да работиме за држава економски моќна, да работиме за држава инфраструктурно поврзана и да работиме за држава со која што ќе се гордеат идните генерации и ќе зборуваат исто како ние денес што зборуваме за нашите предци“, рече Сајкоски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.