Вчера во 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Спортски центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК МЗТ Скопје и КК ИБА од Скопје, С.Л. сторил прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Имено, С.Л. агресивно се однесувал и ги навредувал судиите, а откако делегатот на натпреварот дал налог на редарите да го отстранат, тој при излегување почнал агресивно да се однесува и кон делегатот, а во еден момент се обидел и физички да го нападне, но бил спречен од редарската служба.
Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
- Пратениците денеска ќе бараат одговори од Владата – Пратенички прашања во Собрание
- Француска сенаторска делегација во посета на македонското Собрание
- Тошковски во Охрид: Новите безбедносни ризици и предизвици во фокус
- Јаневска во Охрид: Фокус на безбедноста, паметните технологии и предизвиците на иднината
- Времето нагло се менува: Подгответе се за поројни дождови
- Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
- Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
- Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

