Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Груевски мора да одговара, Мицкоски го продолжува неговиот систем на партизација

    Кузеска: Груевски мора да одговара, Мицкоски го продолжува неговиот систем на партизација

    04.05.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција обвини дека матрицата на дејствување на Никола Груевски и Христијан Мицкоски е идентична, нагласувајќи дека криминалот мора да биде изведен пред лицето на правдата.

    Според СДСМ, огласувањето на Груевски од Унгарија и неговите насоки кон институциите се поклопуваат со начинот на кој Мицкоски настапува од собраниската говорница.

    „Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува“ на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува“ од собраниската говорница и од телевизија“, изјави Кузеска.

    Од партијата тврдат дека актуелната власт врши целосна партизација на судството и полицијата, воспоставувајќи контрола над независните институции. Кузеска посочи дека корупцијата и уништувањето на институциите скапо ја чинат државата и нејзината иднина.

    Во однос на министерот за правда од редовите на ЗНАМ, од СДСМ сметаат дека неговото поставување е стратешки потег на коалицијата за да се избегне директна одговорност на ВМРО-ДПМНЕ во случаите поврзани со Груевски.

    „Македонија мора повторно да стане слободна земја, без криминал и корупција за да може да продолжи по европскиот пат. СДСМ еднаш веќе ја ослободи Македонија од оваа криминална група. И повторно ќе го стори тоа“, порача портпаролката на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.