Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се продава како европска опција, а соработува со проруски бизнисмени

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се продава како европска опција, а соработува со проруски бизнисмени

    04.05.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двојните стандарди на СДС и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДС и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина; велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Дека СДС и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДС се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација.

    СДС на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки и изјави постојано ја доведуваат во прашање таа определба.

    СДС на чело со Филипче само декларативно се залага за Европа додека шири лаги, конструкции и свесно погрешно интерпретира ставови од европски претставници како случајот со Томас Вајц обидувајќи се да креира хаос, недоверба и да шири паника.

    СДС е партија на криминал и криминалци во своите редови и додека се продаваат како европска опција најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени.

    Реториката на Филипче се коси со европските вредности особено кога нивните ставови се во спротивност со пораките и позициите на европските институции и претставници, па веднаш се демантирани.

    Филипче нема кредибилитет, тој само слепо го следи неговиот ментор Заев со кој е поврзан и преку бизнис шеми со лица кои имаат проруски интереси. Релациите на Филипче и СДС со лица кои имаат проруски интереси ги доведуваат во прашање вистинските приоритети на СДС и насоката каде се движи партијата.

    Граѓаните заслужуваат јасна, доследна и кредибилна европска политика основана на јасни резултати, а не политички пораки на СДС кои се менуваат во зависност од личните интереси на Филипче и кланот Заеви.

    Само со реформи, конзистентност и владеење на правото и правната држава се гради доверба и реален напредок кон Европската Унија, СДС и Филипче тоа не го нудат“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.