Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на одбележувањето на 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Мицкоски ќе присуствува на панихида која ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што се наоѓаат моштите на великанот.
Од Владата информираат дека по завршувањето на чинот, предвидено е премиерот да се обрати до јавноста.
„Како што информираат од Владата, по завршувањет на панихидата премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите“, се наведува во официјалното соопштение.
Денешниот настан е дел од низата активности со кои се оддава почит на ликот и делото на Делчев, кој загина на денешен ден во селото Баница.

