Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

    Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

    02.05.2026 во 11:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати јавен повик до Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за унгарскиот кредит, по најавите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар за ревизија на меѓународните договори.

    Според СДСМ, политичките промени во Унгарија директно ќе влијаат врз разоткривањето на бизнис релациите во Македонија.

    „Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на бизнис мрежата која ќе ја видат и граѓаните на Македонија“, изјави Кузеска.

    Таа посочи дека „Блумберг“ веќе објавил детали за заем од една милијарда евра кој владата на Орбан го земала од кинески банки во 2024 година, истата година кога македонската Влада се задолжи кај Унгарија за идентична сума.

    Од СДСМ тврдат дека во Македонија, исто како и во Унгарија, се криеле камати и провизии.

    „Имаше скриени трошоци кои владата никогаш не ги соопшти. Над 1 милион евра беа префрлени за договорни услуги, но никогаш не се дозна дали се за банкарски провизии или за консултантски услуги. И се уште не се знае каде завршија овие пари“, нагласи Кузеска.

    Партијата смета дека се пресликуваат истите методи на корупција и тајни бизниси, поради што инсистираат на итна правна разврска.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20

    Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.