Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „За плата се бориме – не се молиме“: Синдикатите на протест низ скопските улици

    „За плата се бориме – не се молиме“: Синдикатите на протест низ скопските улици

    01.05.2026 во 14:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој беа побарани повисоки плати и подобри услови за работа.

    Протестот започна пред Работничкиот дом, по што маршот продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а заврши пред зградата на Владата.

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека многу работници се плашат да се приклучат на протестите, иако не се задоволни од примањата.

    „Денеска за жал 260 илјади работници живеат со плата под 600 евра, а само неколку илјади луѓе излегоа на протест за 1 Мај“, рече Трендафилов.

    Тој додаде дека голем број работници гинат на своите работни места и побара поголема заштита, потсетувајќи на историското значење на овој ден.

    „Денеска е 1 Мај, денот кога работниците уште во далечната 1886 година излегле на улица и по цена на своите животи, за да ги заштитат своите работнички права, за да го скратат работниот ден од 12 часа на 8 и за да протесираат“, порача Трендафилов.

    Свои барања упати и Томислав Гиевски од Независниот синдикат за образование и наука, кој инсистира на почитување на колективните договори и пресметка на платите согласно законските коефициенти.

    „Бараме во најбрз можен рок да започне почитување на колективните договори и достоинствено вреднување на трудот на вработените во секторот образование. Бараме достоинствена плата и достоинствено вреднување на трудот за вработените во детска заштита“, изјави Гиевски.

    На денешниот протест не учествуваше СОНК, со став дека решенијата треба да се бараат преку дијалог, а не преку протести.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.