Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите
    • Акција во Скопје: Приведени повеќе лица под сомнение за тероризам
    • Нова трагедија ја потресе Македонија – загина возач на товарно возило
    • Утринските близу нулата – УХМР со најнова прогноза за цела недела
    • Минчев го промовираше Практичниот водич за комуникација со лица со оштетен слух: Институциите достапни за сите граѓани
    • Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
    • Нови сообраќајни правила во ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Реализираме проекти за поинаков лик на Охрид и крајбрежјето

    Мицкоски: Реализираме проекти за поинаков лик на Охрид и крајбрежјето

    01.05.2026 во 13:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува посветена на приоритетите предложени од општините и пратениците, кои веќе се во фаза на реализација.

    За време на посетата на Охрид, тој потенцираше дека се работи здружено за Охрид да добие нов лик.

    „Би сакал само да споменам дека дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат“, рече Мицкоски.

    Тој ги повика граѓаните да го следат прогресот на автопатот и најави дека крајниот рок за негово завршување е првиот квартал од 2027 година.

    Посебно внимание во изјавата премиерот посвети на завршувањето на комплексот на Плаошник.

    „Следен проект што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е ‘Плаошник’. Конечно да го завршиме тој проект, почнат од пред многу време“, истакна тој.

    Мицкоски ги пофали напорите на локалната администрација и советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков.

    Тој заклучи дека Владата останува на сите претходни прогнози за завршување на ветените проекти во предвидените рокови.

    Прочитај повеќе

    Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара

    28.09.2026 во 15:20

    МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите

    28.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.