Close Menu
Press24
    Најново

    Дурмиши: Состојбата со цените е под контрола, следуваат нови мерки за заштита на граѓаните

    30.04.2026 во 15:54

    Нова соработка: Обвинителството и КИНСИВ ќе разменуваат информации за воздухопловни несреќи

    30.04.2026 во 15:42

    Муцунски: Македонија и Хрватска потпишуваат договор за стратешка соработка

    30.04.2026 во 15:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши: Состојбата со цените е под контрола, следуваат нови мерки за заштита на граѓаните
    • Нова соработка: Обвинителството и КИНСИВ ќе разменуваат информации за воздухопловни несреќи
    • Муцунски: Македонија и Хрватска потпишуваат договор за стратешка соработка
    • Сиљановска-Давкова: Почнува нова ера во односите меѓу Македонија и Ерменија
    • ЈСП со важно соопштение до граѓаните: Изменет режим на јавниот превоз и билетарниците за Први мај
    • Заврши судењето за полицајците од Кочани: Пресудата за „Пулс“ ќе биде објавена на 5 мај
    • Мицкоски за Реформската агенда: Од последно место во регионот, Македонија сега е рамо до рамо со Црна Гора
    • Мицкоски: СДСМ шири паника со невистини за да си го спаси раководството по изборниот пораз
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Состојбата со цените е под контрола, следуваат нови мерки за заштита на граѓаните

    Дурмиши: Состојбата со цените е под контрола, следуваат нови мерки за заштита на граѓаните

    30.04.2026 во 15:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата спроведува континуирани мерки за заштита на животниот стандард и правата на работниците.

    Дурмиши потенцираше дека инфлацијата сега се движи меѓу 4,5% и 4,9%, што е значително намалување во споредба со кризната 2022 година.

    Министерот нагласи дека кај 55 основни производи растот на цените е минимален, а трговските маржи се намалуваат, што според него покажува дека трговците преземаат дел од товарот.

    Во однос на идните чекори, Дурмиши најави нови таргетирани мерки. Се разгледува можноста за дополнително намалување на ДДВ за основните прехранбени производи и повторно ограничување на маржите.

    Во делот на платите, министерот подвлече дека минималната плата не смее да се носи со политички одлуки без економска основа.

    „Во изминатиот период платите се зголемија во повеќе сектори преку колективни договори, а само по основ на усогласување со трошоците за живот има раст од околу 12%. Дополнително, утврдена е јасна динамика за раст од по 7% во 2026, 2027 и 2028 година, што претставува вкупно зголемување од околу 21%“, истакна Дурмиши.

    Тој додаде дека Владата преку Економскиот совет редовно се консултира со синдикатите и работодавачите.

    „Ги дискутираме сите теми, и за стандардот на вработените и за животниот стандард на сите граѓани и за платите на работниците колку се добри и колку треба да се зголемат“, рече Дурмиши.

    Министерот заклучи дека Владата води одговорна фискална политика насочена кон стабилен економски раст, а не кон популистички ветувања.

    Прочитај повеќе

    Бум во Е-трговијата: Странците во Македонија потрошиле 52 милиони евра онлајн, рекорден раст од 40 отсто

    30.04.2026 во 11:59

    Цената на нафтата експлодираше: Достигна највисоко ниво во последните четири години

    30.04.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.