Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Почнува нова ера во односите меѓу Македонија и Ерменија

    30.04.2026 во 15:21

    ЈСП со важно соопштение до граѓаните: Изменет режим на јавниот превоз и билетарниците за Први мај

    30.04.2026 во 15:17

    Заврши судењето за полицајците од Кочани: Пресудата за „Пулс“ ќе биде објавена на 5 мај

    30.04.2026 во 14:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Почнува нова ера во односите меѓу Македонија и Ерменија
    • ЈСП со важно соопштение до граѓаните: Изменет режим на јавниот превоз и билетарниците за Први мај
    • Заврши судењето за полицајците од Кочани: Пресудата за „Пулс“ ќе биде објавена на 5 мај
    • Мицкоски за Реформската агенда: Од последно место во регионот, Македонија сега е рамо до рамо со Црна Гора
    • Мицкоски: СДСМ шири паника со невистини за да си го спаси раководството по изборниот пораз
    • Внимавајте на банкоматите: Штипјанка искористила активна сесија и повлекла 11 000 денари
    • Насилството зема замав: Тројца родители во еден ден пријавиле дека децата им се брутално нападнати на различни локации во Скопје
    • Експлозија одекна пред казино во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Почнува нова ера во односите меѓу Македонија и Ерменија

    Сиљановска-Давкова: Почнува нова ера во односите меѓу Македонија и Ерменија

    30.04.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан.

    На свечената церемонија, таа го искажа своето задоволство од именувањето на новата амбасадорка, непосредно пред нејзиното учество на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, истакнувајќи дека се работи за прва посета на македонски претседател на Република Ерменија и почеток на нова ера во меѓусебните односи.

    Таа потенцираше дека македонско-ерменските односи се втемелени врз заложбите за мир, прогрес и благосостојба.

    Според неа, во време кога знаењето, иновациите, вештачката интелигенција и дигитализацијата се најважните двигатели на развојот, географската оддалеченост сè помалку е ограничувачки фактор за интензивна соработка во областа на науката, економијата, образованието, културата, туризмот. 

    Новоименуваната амбасадорка Хамбарџумиан ги оцени македонско- ерменските односи како успешни, заради втемеленоста на меѓусебно почитување, споделени вредности и заедничка посветеност на дијалог, стабилност и меѓународна соработка.

    Таа изрази подготвеност за личен придонес во подобрувањето на политичкиот дијалог, продлабочување на економската, културната, како и на соработката во сите области од взаемен интерес.

    Обете препознаваат потенцијал за интензивирање на трговските врски, најпрво, преку креирање соодветна правна рамка, а потем и преку организирање други форми на соработка како бизнис-форуми, средби на стопанските комори, заеднички проекти, чија цел се инвестициите и обостраниот бенефит.

    Претседателката го поздрави учеството на двете земји во програмата Еразмус+, како цврста основа за поттикнување на академската соработка и размената на студенти меѓу универзитетите.

    Во свет на растечка мултиполарност, двете сметаат дека на малите и средни држави им одговара мултилатерализмот во решавањето на бројните искушенија и предизвици со коишто сме соочени.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски за Реформската агенда: Од последно место во регионот, Македонија сега е рамо до рамо со Црна Гора

    30.04.2026 во 14:26

    Мицкоски: СДСМ шири паника со невистини за да си го спаси раководството по изборниот пораз

    30.04.2026 во 14:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.