Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Објавена лицитација за 71 крава од заловените во кривопаланечко, 21 угинале

    Објавена лицитација за 71 крава од заловените во кривопаланечко, 21 угинале

    30.04.2026 во 11:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државата објави оглас за продажба на 71 говедо од случајот во Крива Паланка, стадо кое со години им создаваше проблеми на жителите во овој регион. По низа реакции, апсења на сопствениците и институционални лавиринти, Владата одлучи да ги стави животните на лицитација со почетна цена од над 50.000 евра.

    Сепак, бројката на заловени животни е намалена. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди дека од ноември досега угинале дури 21 говедо. Како причина за угинувањето, Агенцијата ја наведува агресивноста на животните кои не биле навикнати на затворен простор.

    „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 22.11.2025 година, досега одзема и залови вкупно 92 говеда од различен пол, старост и категорија. Од нив, 57 се идентификувани со ушни маркички, а 35 се без идентификациска ознака. Од вкупниот број одземени и заловени говеда, досега 21 говедо е угинато, од различна етиологија, најголемиот дел поради насилна смрт (самоповредување). Станува збор за животни кои досега не биле шталски чувани, односно живееле и се размножувале слободно, во природа“, велат од АХВ за „Фактор“.

    Според надлежните, по заловувањето и сместувањето во штала, животните почнале меѓусебно да се повредуваат, особено возрасните машки единки кон помалите.

    На лицитацијата ќе бидат понудени вкупно 48 крави и 23 бикови и волови. Случајот отвора дополнителни прашања во јавноста за условите во кои биле чувани животните по одземањето и зошто за угинувањето на толкав број грла се дознава дури сега.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.