Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина одлучуваа во име на сите Албанци, додека народот ја плаќаше цената на нивната ароганција, алчност и безобразна потреба за власт, се вели во соопштението од „Вреди“.
„Тој модел падна. И не падна случајно. Падна затоа што Албанците повеќе не прифаќаат да бидат заложници на истрошени структури, лажен патриотизам и политички измами кои со години служеа само за личен спас на малкумина.
„Вреди“ се обединува во една политичка сила. Затоа што само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри.
Пет политички субјекти стануваат едно – „Вреди“.
„Вреди“ како обединета политичка сила значи владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски пат, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот.
За оние што ја претворија политиката во бизнис, државата во плен и Албанците во бројка за манипулација, ова е лоша вест. „Вреди“ доаѓа“, велат од Вреди.

