Close Menu
Press24
    Најново

    Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција

    12.06.2026 во 23:37

    Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце

    12.06.2026 во 23:13

    Германка третпат роди близнаци

    12.06.2026 во 22:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
    • Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
    • Германка третпат роди близнаци
    • Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
    • Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
    • Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
    • Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
    • Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветаноски: Панче Тошковски да си даде оставка

    Цветаноски: Панче Тошковски да си даде оставка

    29.04.2026 во 13:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла, се наведува во соопштението од прес – конференцијата на Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ.

    Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност.

    За сите пропусти, за промашената превенција, несоодветното постапување на МВР јасна е одговорност на министерот Панче Тошковски.

    Во последните две години со ВМРО на власт, живееме во држава во која насилството е секојдневие, во училиштата, во домовите, на улиците.

    Дури и безбедноста на децата е загрозена. Само од почетокот на годинава имаше три грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници во Скопје, Гостивар, Неготино.

    Превенција никаква. А наместо одговорност, неказнивост.

    Семејно насилство на секој чекор – со случаи кои завршуваат трагично, и покрај претходни пријави.

    Згаснаа животи на мајка и малолетно дете – МВР на чело со Панче Тошковски не ги заштити. И покрај 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана – МВР било слепо и глуво.

    Насилник во Велес ја уби младата Росица и нејзиниот татко – уште едно во низата потврдувања дека МВР и Тошковски потфрлија.

    Сериски убиец во Кумановско Старо Нагоричане уби пет жени, додека две години биле игнорирани пријавите на жителите – МВР и Тошковски повторно потфрлија.

    Ни се случи најголемата трагедија, во Кочани згаснаа 63 жртви. Тошковски ги штитеше неговите началници.

    Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола. Пет тони еј!  

    До ден-денес нема одговор од МВР како поминале, и кој ќе одговара во врвот на власта.

    Царина, полиција, службеници, началници? Кој ќе одговара?

    Полицијата е ставена во функција на заштита на власта, наместо на граѓаните.

    Ниту една прес-конференција на министерот Тошковски нема да ја врати довербата на граѓаните.

    Одговорност мора да има, а таа е директно кај министерот Тошковски, време е да ја преземе и да си даде оставка. Покажа дека нема капацитет да ги заштити граѓаните и да ја гарантира безбедноста.

    Граѓаните заслужуваат да живеат во безбедна држава, заслужуваат институции кои функционираат за нив – а не криминален систем, додаде Цветаноски.

    Прочитај повеќе

    Претседателката: Оставете нѐ да се европеизираме

    12.06.2026 во 21:13

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.